Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев го преплива каналот Ла Манш.
Тој имаше соло препливувње на каналот во еден правец со време од 9 часа и 43 минути.
Евгениј е еден од најдобрите Македонски пливачи на отворени води и е само петтиот Македонски пливач кој го препливал каналот,воедно на 25 Август 1875 година е направено првото препливувње на каналот од страна на Американецот Метју Веб.
фото: channel swimming association фото: channel swimming association фото: channel swimming association
Jane Karajovanov
Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање.
Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање.
Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје.
Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје