Европски младински олимписки фестивал
Од 20-26.07.2025 Скопје беше домаќин на 18от Еврoпскот младински олимписки фестивал на кој беа застапени 15 спорта,каде покрај Скопје,градови домаќини беа и Куманово и Осјек,Хрватска,каде се играа кошаркарските и гиманастичките натпревари.
Пливачките натпревари се одржаа на Олимпискиот базен Центар,каде во текот на 5 натпреварувачки дена учество земаа околу 350 пливачи од 40 земји.
Најуспешни на фестивалот беа пливачите на Италија кои освоија вкупно 16 медали,односно 8 златни,5 сребрени и 4 бронзени медали,втори беа пливачите на Унгаријаа со вкупно 11 медали а трети пливачите на Шпанија со вкупно 10 освоени медали.
На натпреварот се постигнаа и 3 нови ЕОФ рекорди,и тоа во дисциплината 100м слободно жени,прво во полуфиналето, пливачката на Полска,Барбара Лесниевска постави нов рекорд со време 55.46,за во финалето истиот да биде соборен од Италијанката Алесандра Мао(2011) со време 54.98.
Алесандра Мао исто така постави и нов рекорд на ЕОФ во дисциплината 200м слободно,каде во финалето исплива време од 2:00.13.
Од пливачите од регионот,најуспешни беа Врабац Зерина од Босна и Херцеговина,која освои сребрен медал во дисциплината 200м делфин со време 2:15.54 и Исак Докич од Хрватска ,кој свои бронзен медал во дисциплината 100м грбно со време 57.73.
Македонската пливачка репрезентација,како домаќин беше една од најбројните и настапи со 16 пливачи,8 во машка и 8 во женска конкуренција.
Неда Миленковска настапи во полуфиналето во дисциплината 200м делфин и исплива време од 2:29.74,додека Леонел Илиев настапи во две полуфиналните трки,и тоа во дисциплините 200м грбно и 200м мешано,каде исплива времиња од 2:17.01 односно 2:17.43.
Се постави и еден Национален рекорд на Македонија,пливачот Дамјан Станковски постави нов рекорд во дисциплината 200м градно.категорија Постари пионери со време од 2:34.41.
Наредниот 19ти ЕМОФ ќе се одржи во Италија,каде град домаќин ќе биде Лињано.


