Горан Стојановски нов Претседател на Националната пливачка федерација на Северна Македонија
Светската пливачка федерација ФИНА во Понеделникот на 9 Мај,ја извести Националната пливачка федерација на Северна Македонија дека го потврдува Горан Стојановски како Претседател на Националната пливачка федерација на Северна Македонија со ова воедно дојде и до промена на комплетното поранешно раководство на федерацијата.
Претходно 33 клуба од Македонија побараа промена на поранешниот Претседател на воредно Собрание кое го одржаа на 17 Декември 2021 година.
Горан Стојановски официјално како Претседател на Националната пливачка федерација на Македонија стапи на функцијата стапи на 07.02.2022 но во текот на целото ова време се водеше директна комуникација со ФИНА каде што е испратена комплетната документација со која е направена целосна промена на раководството во ФИНА,ЛЕН и сите други спортски интернационални институции.
Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање.
Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање.
Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје.
Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје