На 16-17.07.2022 на Спортско рекреативниот центар “Атина Бојаџи” ќе се одржи Летното Национално првенство во пливање. На првенството учество ќе земат 19 клуба и околу 250 пливачи од Скопје, Битола, Куманово, Штип и Охрид. После 20 години Охрид е повторно домаќин на едно Национално првенство, последното Национално првенство се одржа 2002 година.
Националната пливачка федерација обезбеди врска за следење на трките во живо:
Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање.
Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање.
Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје.
Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје