Македонија со двајца пливачи на Светското првенство во водени спортови

Во Доха, Катар започна Светското првентсво во водени спортови. Од Македонија ќе настапат два пливачи,еден во машка и еден во женска конкуренција.
Ева Петровска и Никола Ѓуретановиќ предводени од тренерот Горан Стаменов ќе го имаат својот прв настап на 11 Февруари во трката на 400м слободно.
Ева на 16 Февруари ќе настапи на 800 метри, додека Никола својот втор настап ќе го има на 17 Феруари на 1500м слободно.
Пред самото тргање, успеавме да земеме изјава од Никола Ѓуретановиќ кој во рок од 6 месеци ќе има втор настап на Мундијалите во пливање.
Ова е твое 2ро Светско првенство,какво е чувството толкумлад пливач во толку кратко време да има две големи натпреварувања?
Никола: Чувството е прекрасно,толку млад да учествувам на големи натпреварувања и со само 16 години да бидам дел од Светската пливачка елита. Ова е воедно има моја обврска на истите да ја претставувам Македонија во што подобро светло.
Кои се твоите очекувања од настапот на ова светско првенство?
Никола: Иако до последен момент не бевме информирани дали ќе бидеме дел од ова светско првенство сепак мојот тренер, направи програма со која ќе влезам во одлична форма за да се претставам во најдобро светло со подобрување на моите лични резултати кои ќе ми донесат и подобар пласман.
Ова е олимписка година,пред тебе се многу натпревари,дали Парис е во твоите мисли или имаш зацртано друга цел за оваа година,може и медал од Евпропско младинско?
Никола: Секако дека Олимпијадата претставува за мене најголем настан на кој ќе учествувам па затоа сакам таму да ги постигнам моите најдобри резултати, но нејќам да ги засити моите очекувања бидејќи пред мене стои долга кариера со предизвици и големи успеси за кои ќе работам напорно. За Европско младинско првенство мислам дека оваа година ќе ми биде само едно скалило погоре, а за следната година ќе се борам до финале па и медал на европско и светско јуниорско.