0

Македонија со три пливачи во Отопени

Во Отопени,Романија од 19-24 Август ќе се одржи 10то Светското јуниорско првенство во пливање.

Македонската репрезентација е составена од 3 пливачи и 1 тренер во состав: 

Софиа Дамјанова која ќе настапи во дисциплините 50 и 100м делфин,

Цеков Петар кој ќе настапи во дисциплините 800 и 1500м слободно и 400м мешано и

Никола Ѓуретановиќ кој ќе настапи во дисциплините 400,800 и 1500м слободно.

Репрезентацијата е предводена од тренерот Горан Стаменов.

Ова е второ големо Меѓународно натпреварување за Македонските репрезентативци во брзо време, кои на почетотко на Јули настапија и на Европското младинско првенство кое се одржа во Шаморин,Словачка.


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *