На 28.09 во Охрид се одржа втората трка од овогодинешната ФИНА Светска серија на маратони од 10Км .На стратот од трката се појавија вкупно 38 пливачи,22 во машка и 16 во женска конкуренција. Победник кај мажите беше пливачот од Франција, МаркАнтоан Оливие со време 1:54:54.16 додека кај жените пливачката од Унгарија, Ана Олаш со време 2:04:26.40.Македонските пливачи, Евгениј Поп Ацев и Кристијан Стојановски го заземаа 15 односно 21 место во машка конкуренција, додека единствената пливачка од Македонија, Јана Констандиновска не ја заврши трката. Наредна е трката во Нанту, Тајван која е предвидена за месец Септември но сеуште не е потврдна точната дата за нејзино одржување,исто како и за трките во Хонг Конг за месец Октомври и финалето во Елиат, Израел за Декември. Оваа година поради ситуацијата со коронавирусот единствена трка која досега беше одржана е таа во Март во Доха,Катар.
Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање.
Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање.
Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје.
Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје