На 10.09.2022 во Охрид се одржа традиционалниот Охридски пливачки маратон во должина од 25Км на патеката Климе Савин.На маратонот учество земаа 8 пливачи,7 во машка и 1 во женска конкуренција кои се бореа за награден фонд од 10000 долари.
Победници на маратонот се пливачите од Аргентина,Матијас Дијаз во машка конкуренција и Рита Ванеса Гарсија во женска конкуренција.
Македонските пливачи Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски го заземаа третото односно четвртото место.
Оваа година беше и традиционална по тоа што првиот маратон во Охрид беше организира далчечната 1962 година каде што победници беа легендарниот маратонец Абу Хеиф од Египет во машка и Атина Бојаџи од Македонија во женска конкуренција.
Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање.
Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање.
Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје.
Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје