0

Осум пливачи ја претставуваа Македонија на Европското првенство во Белград

Под водство на тренерите Стаменов Горан и Стојановски Илија, Репрезентацијата на Македонија настапи на Европското првенство во пливање кое се одржа во Белград, Србија. Македонија  ја претставуваа 8 пливачи,по 4 во машка и женска конкуренција.

Пливачот на ПК Вардар 2018, Јанковски Јован во дисциплината 50м слободно,постави Нов Младински рекорд на Македонија со време 23.74, стариот рекорд исто така беше во негова сопственост со време 24.15.

Пливачите настапија во следните  дисциплини:

Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион
100м слободно: 58.29 (35. место)
и 100м делфин: 1:04.13 (28. место)

Милковска Јана ПК Вардар 2018
200 слободно: 2:09.82 (36. место)
400 слободно 4:35.78 (24. место)

Крстевска Миа ПК Вардар 2018
100 грбно: 1:06.58 (20. место)
и 200м грбно: 2:23.12 (24. место)

Јанковиќ Сара ПК Скопје
200 слободно: 2:07.99 (35. место)
и 400м слободно: 4:28.28 (21. место)

Трајановски Никола ПК Тумба
50 слободно: 24.27 (74. место)
100 слободно: 53.32 (83. место)
50 делфин: 26.38 (58. место)
и 100 делфин: 58.65 (49. место)

Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018
200 слободно: 1:55.55 (57. место)
400 слободно:  4:09.03 (28. место)
и 800 слободно: 8:31.13 (22. место)

Јанковски Јован ПК Вардар 2018
50 слободно: 23.74 (68. место)
100 слободно: 52.45 (78. место)
и 100м  делфин: 56.89 (47. место)

Стојановски Андреј ПК Нептун
50м грбно: 27.63 (38. место)
и 200м градно 2:26.14 (28. место).


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *