На 23 Септември се отвори Затворениот пливачки базен во Штип. Ова е еден од петте затворени пливачки базени кои се градат на територијата на Македонија каде покровител е Министерството за Спорт на Македонија.
Овој базен за почеток ќе го користат учениците и пливачите од Штипскиот регион,а исто така ќе послужи за развивање и унапредување на пливањето во Источниот дел на Македонија.
Ова е втор базен од ваков тип кој се отвори во рок од 3 месеци,во Јули во ООУ Невена Георгиевска Дуња,во населбата Кисела Вода во Скопје, се отвори првиот од предвидените пет вакви базени.
Исто така почната е изградбата и на затворен пливачки базен во ООУ Ацо Шопов во населба Радишани,Општина Бутел,со што пливањето во Македонија добива зрак на надеж за враќање на старите патеки.
Jane Karajovanov
Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање.
Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање.
Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје.
Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје