0

Светска серија на Ултра маратони – Сен Жан 32Км

На првата трка од серијата на Ултра маратони која се одржа во Робервал,на езерото Сен Жан – Канада, учество земаа 14 пливачи од 6 Држави.

Македонските пливачи Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев го заземаа третото,односно четвртото место.

Александар со време 7:18.48 беше трет,додека Евгениј  беше 4то место со време 7:53.15.

Победник во машка конкуренција е пливачот од Италија,Едуардо Стокионо со време 6:55.04 додека кај жените пливачката од Франција,Дорник Моргане со време 7:19.08.

Ова е една од најтешките маратонски трки во Светот и се плива во исклучително ладна вода.Од вкупно 9 пливачи во машка конкуренција 5 ја завршија трката,додека во женска конкуренција од една пливачка не ја заврши трката.

Официјални резултати:http://traversee.qc.ca/fr/wp-content/uploads/sites/2/2022/07/2f79fc5c81956332ec74bfeb0f707f7a.pdf


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *