0

Светско првенство на мали базени Будимпешта 2024

На Светското првенство во мали базени кое се одржа во Будимпешта, Унгарија, Македонија беше претставена со тројца пливачи кои настапија во следните дисциплини:

Сара Јанковиќ 200 слободно и 400 слободно

Никола Ѓуретановиќ 400 слободно и 800 слободно

Јован Јанковски 100 слободно и 100 делфин

Олимпиецот Никола Ѓуретановиќ постави нови Младински и Апсолутни рекорди во дисциплините во кои настапи и тоа на 400м слободно исплива време од 3:53.32, додека во дисциплината 800м слободно исплива време од 08:06.79 со што  постави нови Младински и Апсолутни рекорди.

Јован Јанковски постави нов Младински рекорд во дисциплината 100м слободно со време 50.17. Јован пливаше и на 100 метри делфин, постигнувајќи време од 55.08 и го освои 56-то место на овој шампионат.

Сара Јаонвик ја заврши трката на 200 метри слободно на 33-то место со време од 2:05.10, додека на 400 метри исплива време од 4:22.11 и се пласираше на 34-та позиција.


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *