0

Успешен настап на Миа Крстевска во Индианаполис

Викендов во Индианаполис, САД  заврши традиционалниот “House of Champions” пливачкинатпревар на кој учество земаа десетина поканети универзитети.

Членката на ПВК Орион од Скопје, Миа Крстевска  настапи како дел од тимот на University of Indianapolis и оствари свои  најдобри лични времиња и висок пласман во неколку дисциплини: Во базенот IU Natatorium на 25 јарди, Миа настапи во своите основни дисциплини и во истите ги постигна следните времиња:

100 грбно (55.58), 

200 грбно (1:58.57),

200 краул (1:52.87),

воедно со овие времиња во сите дисциплини се квалификува за учество на националното NCAA Division II првенство во март 2022.


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *