Жетва на рекорди на Македонските пливачи во Ниш
На традиционалниот Меѓународен пливачки митинг “Св.Никола” кој се одржува по 30ти пат во Ниш, Македонските пливачи имаа успешен викенд. На митингот тие поставија вкупно 10 нови Национални рекорди во повеќе категории.
Нови рекордери на Македонија се:
Пливачката на ПК Скопје, Јанковиќ Сара постави нов кадетски рекорд во дисциплината 50м градно со време 35.53;
Јанковски Јован од П.В.К.Орион постави два рекорди, нов кадетски рекорд на 50м слободно со време 24.79 и исто така kадетски рекорд на 50м делфин со време 26.18;
Герасимовски Василиј од П.В.К.Орион постави нов рекорд за помлади пионери на 50м грбно со време 32.58;
Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018 постави 3 нови рекорди за постари пионери во дисциплините 400м слободно со време 4:18.39, 200м слободно со време 2:01.87 и 50м делфин со време 27.80;
Пливачот на ПК Вардар 8, Тодоров Стефан постави два рекорди во категоријата Постари пионери и тоа 100м слободно со време 55.96 и во дисциплината 50м слободно со време 25.95;
Додека пливачот на ПК Бета Шаркс, Тодоровски Димитар постави нов рекорд во категоријата Помлади пионери на 100м градно со време 1:23.69;
Пливачите на П.В.К Орион,Јанковски Јован и Герасимовски Василиј и пливачот на ПК Вардар 2018,Ѓуретановиќ Никола беа прогласени за најуспешни пливачи на Митингот во своите категории.
На Митингот учествуваа 86 пливачи од Македонија од 10 клуба.